Најскапоцениот накит кој некогаш ќе го носите на својот врат се рачињата на Вашето дете!

Мама Маргарита е вистина богата... околу својот врат ги носи обвиткани рачињата на нејзината Искра, а во срцето засекогаш ќе остане запаметена малата и кревка Ведрана

Iskra

Родени во 31вата гестациска недела, значеше борба за живот за Искра и Ведрана. Ведрана за жал не успеа да се избори, но мама и тато мораа да останат силни и присебни за да и ја дадат сета поддршка и љубов на Искра. Во тој лавовски перформанс на стабилност, и трезвеност во донесувањето на одлуките, тие ја покажаа својата сила, и своите предиспозиции за родителската улога.
И како да останеш имун да ваква храброст? Фондацијата Илија Камчев, по препорака на Г-дин Јордан Камчев, реши дека едноставно мора да ги поддржи овие родители со 1.000.000,00 денари во нивнаата борба за сопственото дете.
Насмевката на родителските лица носејќи ја својата ќерка во нејзинот дом по 53 денови поминати во болницата, нам ни ги наполни срцата!
Искра мила, ти посакуваме безгрижно детство, осипано со многу љубов и безброј прегратки од мама и тато. Да продолжиш да бидеш борец и цврсто и храбро да чекориш во животот.

Сo љубов,
Фондација Илија Камчев

Позитив на денот!

Малата Дарија на својот прв официјален преглед во Клиничка болница Аџибадем Систина

Malata Darija

Пријатели, овој мал борец во изминатиот месец неуморно и секојдневно ни ја покажуваше вољата за живот, родена во 31вата гестациска недела, како првородено дете на мама Александра и тато Мартин тежеше 1.680 грама.Како и секое предвреме родено дете, така и на Дарија неопходна и беше медицинската потпора, да се преброди кризниот период. Уште од самиот почеток недвојбено покажуваше дека е борец, самостојно вдишувајќи го секој момент од за неа НОВИОТ ЖИВОТ во првите два дена. Со секоја нејзина гестикулација не учеше на тоа што всушност претставува вистинска одлучност да се живее!! Таа заедно со тимот на неуморни, и исклучително посветени доктори од Аџибадем Систина ги водеше сите битки кои живот значеа. Поддршката и финансиското ослеснување е на сметка на Фондацијата Илија Камчев, која без двоумење и со огромно задоволство го поддржа престојот на малата Дарија со плаќање на половина од сумата (481.421,00 денари)
Денеска сите заедно се радуваме и говориме за заеднички постигнатиот успех. Дарија тимот на Аџибадем Систина, и тимот на Фондацијата Илија Камчев, ти посакуваат многу здравје, и среќно и безгрижно детство!

ТУРНЕЈА НА ТЕАТАР „БУГАРСКА АРМИЈА“
СО ПРЕТСТАВАТА „ЖЕЛЕЗНИОТ СВЕЌНИК“

На 11 јуни, во Македонскиот Народен Театар премиерно се изведе претставата „Железниот светилник“ заснована на првиот роман од тетралогијата на извонредниот бугарски писател Димитар Талев кој е роден во Прилеп. Генерален спонзор на одржувањето беше Фондацијата „Илија Камчев“, а истата се реализира под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за одбрана на Република Бугарија.
Турнејата се одржа во периодот од 11 до 16 јуни 2018, во шест македонски градови – Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Штип и Прилеп.

Десислава Минчева

„Во потрага по несовршената убавина“

На 27.09.2018 година во Центарот за современа уметност „АРТ Скопје“ официјално беше отворена изложбата со наслов „Во потрага по несовршената убавина“ на бугарската уметница, професор на Националната ликовна академија од Софија, Десислава Минчева. Изложбата која е поддржана од Фондацијата „Илија Камчев“ и е во нејзина организација заедно со НУ Завод за заштита на спомениците културата – Штип, ја претстави Минчева со дела кои се нејзин ликовен но и тематски континуитет во последниве десетина години. „Фундаментите на кој го гради своето творештво се човекот и природата. Две точки кои во себе содржат елементи кои сами по себе се повеќе од податни и овозможуваат истражувања кои во естетски и духовен контекст нудат нови предизвици и изненадувања“ појасни г. Зоран Читкушев кој ја отвори изложбата. Тој појасни „сликарскиот ракопис на Минчева е со чиста синтакса, консеквентна на нејзината едукација повеќедецениското траење, владеење со тајните на ликовното мајсторство и изразеното чувство за композиција, перспектива и колорит.“ Десислава Минчева е без никакви дилеми сериозен автор со своја препознатлива, ликовна естетика. Бројните самостојни изложби во Бугарија и светот но и награди сигурно се во правец да продолжи со посветеноста, вербата во уметноста и истражувањата при создавањето на нејзиниот убав имагинарен свет. Изложбата „Во потрага по несовршената убавина“ за јавноста во Скопје ќе биде отворена за јавноста до 13 октомври, а од 17 октомври до 1 ноември 2018 истата ќе биде поставена во Уметничката галерија Безистен во Штип.

Социјално загрозените со можност за вработување

Socijalno zagrozenite so moznost za vrabotuvanje

Пазарот на трудот во Р. Македонија се карактеризира со висока стапка на долгорочно невработени граѓани, која е директен резултат на недостиг од соодветни вештини. Со цел интеграција на сегмент од овие граѓани на пазарот на трудот, фондацијата „Илија Камчев“ отпочна едукативен проект за претквалификација и доквалификација на самохрани мајки и мајки од социјално загрозени семејства. Главна цел на овој проект е интегрирање на самохраните мајки и мајките од социјално загрозени семејства на пазарот на трудот во Р. Македонија. Поконкретно, целта е зголемување на работоспособноста на долгорочно невработените жени, преку зголемување на нивната способност – знаење и вештини.
Проектот на Фондацијата ќе биде составен од две компоненти и ќе биде во времетраење од една година. Со првата компонента се овозможат предуслови за спроведување на обука, претквалификација и доквалификација за 30 жени. Втората компонента овозможува практична обука како поддршка за вработување, која на пријавените жени ќе им овозможи стручно оспособување во период од 3 до 6 месеци во компании со кои Фондацијата ќе склучи договор за соработка.

Стипендии за перспективните специјализанти

Stipendii za perspektivni specijalizanti
Фондацијата Илија Камчев има за основна цел да инвестира и помогне во неопходната едукација на млади медицински кадри. Примарна цел е, по пат на стипендирање, да помогне во создавањето нови тимови на специјалисти во медицината од областите кои се дефицитарни во Р. Македонија. Инвестицијата во едукацијата е најважна за да се постигне висок квалитет и услуга. Со цел извршување на годишната стратегија, Фондацијата додели три стипендии за специјализација по медицина, од кои две во областа на општата хирургија и една во областа на гинекологијата и акушерството. Овие три стипендии ги добија најперспективните специјализанти кои ги исполнија утврдените критериуми на конкурсот и го поминаа процесот на селекција. Стипендијата ги покрива трошоците за специјализација за една академската година, како и можност за бесплатно усовршување во Клиничка болница „Аџибадем Систина“. Стипендистите се водени низ посебен менторски систем кој подразбира постојана комуникација со врвен докторски тим, имајќи предност да учат од најдобрите, а по завршувањето на студиите ќе имаат приоритет за вработување. Оваа стипендија претставува сериозна инвестиција во здравствениот систем на Р. Македонија, врз основа на светските стандарди и протоколи за лекување на пациенти.

M а к е д о н и ј а. милениумски културно - историски факти

Monografija
Проектот МОНОГРАФИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА е најголемиот проект досега за историско, научно и културно претставување на Македонија во земјата и пошироко. Капитално дело чие издавање е од врвен, јавен културно-уметнички и едукативен интерес. Фондацијата „Илија Камчев“ ја овозможи реализацијата на овој колосален авторски труд и издавачки потфат, четиритомно издание кое ќе остави видливи траги на трајните вредности за идните генерации

Грижа кон најмладите

Deca - griza kon najmladite

Фондацијата „Илија Камчев“ со грижа и кон најмладите и со цел овозможување подобри услови, даде свој придонес кон неопходната реконструкција на детскиот оддел на Универзитетската клиника за уво, нос и грло во Скопје. На овој оддел се третираат деца со акутни и хронични заболувања и ургентни состојби, како деца со опструктивни дишни патишта и др. Инвестициите и поддршката во здравствениот систем во Р Македонија е една од примарните цели на Фондацијата.

Донација за обнова на геронтолошкиотзавод „13 ноември“

Griza za povozrasnite

Инвестициите и поддршката во здравствениот систем во Р. Македонија е една од примарните цели на Фондацијата „Илија Камчев“. Како за помладите, исто така Фондацијата ги потпомага и постарите лица, чија поддршка им е потребна. Со таа цел,  помагање во обновата на објектот Геријатрија во склоп на Геронтолошкиот завод 13 Ноември во Скопје, Фондацијата „Илија Камчев“ донираше средства за изградба и замена на веќе дотрајаните лифтови во објектот.

Донација за децата од интернатот „Гоце Делчев“ во Љубанци

Donacija za decata od internatot Goce Delcev vo Ljubanci

Со заедничка цел да го развијат спортскиот дух, олеснат и разубават секојдневието на децата без родители и родителска грижа од интернатот „Гоце Делчев“, фондацијата „Илија Камчев“ и „Орка Спорт“, во соработка со здружението „Градиме иднина“ остварија соработка за донација во спортска опрема.
Децата без родители и родителска грижа заслужуваат детство еднакво на она кое го имаат нивните врсници, без грижи, исполнето со игра и забава.

Жирафата Орка - нов жител во ЗОО Скопје

Zirafata Orka - nov zitel vo ZOO Skopje
По повеќе од 40 години Зоолошката градина – Скопје доби нов жител. Жирафата по име Орка беше топли пречекана од голем број посетители кои со нетрпение чекаа да се запознаат со нависокиот жител на Зоолошката. Орка е млад мажјак донесен од Зоолошката градина во Берлин и е донација од Фондација „Илија Камчев“. Фондацијата одлучи да го подари ова егзотично животно кое ќе придонесе за атрактивноста на нашата Зоолошка градина и ќе претставува вистинско изненадување за сите помлади генерации. Со инвестирањето во новите живеалишта, кои секојдневно добиваат нови жители, Зоолошката градина во Скопје го добива посакуваниот изглед на европска зоолошка градина.
Затвори го менито