УПРАВЕН ОДБОР

Jordan Kamchev

ЈОРДАН КАМЧЕВ

Претседател на Фондацијата

Претседател на одборот на директори на Клиничката болница Аџибадем Систина, и извршен директор на Орка Холдинг групацијата. Син е на македонскиот стопанственик Илија Камчев, во чија чест е основана и Фондацијата која го носи неговото име – Илија Камчев. Јордан Камчев дипломира на Економскиот факултет, при Универзитетот Св. Кирил и Мeтодиј. Во 1990 година ја основа фирмата Орка, која впрочем е основата над која се гради сегашната групација – Орка Ходлинг.

Prof. d-r Salis Tager

Проф. д-р Салис Таџер

Специјалист по Кардиохирургија

Син на проф. д-р Исак Таџер, кој е еден од основоположниците на Медицинскиот факултет во Скопје и на Македонската академија на науките и уметностите. Салис, како кардиохирург во Израел работел дваесетина години. Таџер во Скопје завршил гимназија, а од Македонија заминал на 19-годишна возраст.

M-r D-r Mitko Karagjozov

М-р д-р Митко Караѓозов

Специјалист по општа хирургија

Тораковаскуларен хирург. Во 2003 Магистрира на Медицинскиот Факултет во Скопје, до 2010 работи на Универзитетскиот клинички центар, а од 2010-та се приклучува на тимот на Клиничката болница Аџибадем Систина.

Prof D-r Ljupcho Lekovski

Проф. д-р Љупчо Лековски

Специјалист по урологија

Од 2009 е Професор на Медицинскиот факултет во Скопје. До 2010 работи во Универзитетски клинички центар, а од 2010 станува дел од тимот на Клиничката болница Аџибадем Систина.
D-r Slobodan Drakulevski

Д-р Слободан Дракулевски

Специјалист по гинекологија и акушерство

Во 1984 го завршува Медицинскиот факултет во Скопје, а во 1992 специјализира Гинекологија и акушерство. Од 2010 се приклучува на тимот на Клиничката болница Аџибадем Систина.
Затвори го менито